сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 87
home Вести

СРАМОТА: Трите „ер трактори“ несервисирани во хангар, а Заев води грижа само за семејниот луксузен возен парк

СРАМОТА: Трите „ер трактори“ несервисирани во хангар, а Заев води грижа само за семејниот луксузен возен парк

Македонија деновиве е зафатена со големи пожари. Горат повеќе градови, зафатени се големи површини. Граѓаните со голи раце си ги спасуваат домовите. Вчера, за жал, пожарите ја зедоа и првата жртва од Македонија.

Државата покажа целосна неподготвеност да реагира во вакви тешки моменти.  На Илинден гореше во Кочани. Додека огнот уништуваше се пред себе, на виделина излезе лошата состојба во која се надлежните, како и немањето на основни ресурси за справување со вакви случувања.

Трите „ер трактори“ со кои располага Македонија повеќе од две години не се извадени од хангарите зашто не се сервисирани.

Пред еден месец се чекаше да падне тендерот за добавувач-сервисер, за Бирото за јавни набавки да дозволи тој да се најде со директно преговарање. Сега се чека да дојдат понудувачите.

Но, првиот сервисиран авион ќе може да биде ставен во функција за 40 до 45 дена.

„Поканет е сервисерот минатата недела, чекаме да дојде неделава. Но, за сервисирање на еден авион за гасење пожари потребни се од 40 до 45 дена, со се’ подготовките да полета и да се стави во функција. Жалам што ‘ер тракторите’ што ги начекав несервисирани, поминале приземјени многу пожари и сезони на пожари“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Беким Максути.

По Кочани, стана алармантно во Гевгелија, Делчево, Пехчево… горат повеќе градови. Надлежните информираа дека хеликоптерите не можат да летаат навечер, односно дека можат да летаат ама не можат да гаснат пожари. Потоа, чекавме да летнат преку ден, па беа приземјени поради високите температури.

Пожарникарите лавовски се бореа со огнените јазли, но опремата и возилата кои им се на располагање, се во очајна состојба.

ИТНО треба да се сервисираат и набават нови возила за пожарната, да се инвестира во возила и опрема за гаснење на пожари од копно и од воздух. Премиерот не покажа голема заинтересираност за вакви набавки.

Но, кога станува збор за набавка на возила, Заев размислува на луксуз за себе, а не за основна потреба на  граѓаните, потреба која може да спречи трагедии.

Заеви имаат Мајбах, два Бентли, мотори БМВ и квадови

Заев во својата приватна колекција го има најлуксузниот автомобил во Македонија – мајбах, кој чини повеќе од 400.000 евра.

Семејството Заеви има 2 суперлуксузни автомобили Бентли, кои чинат речиси 200.000 евра.

Заев редовно се вози со 10 БМВ мотори, кои се купени на име на една од неговите фирми, а само еден мотор чини 35.000 евра.

 

 

Коронавирус