среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Вести

СРАМНО: Жителите на Средно Нерези извисени од Богоев и Весковски- наместо вода за нив, предизборно вода ќе добијат сосема други жители

СРАМНО: Жителите на Средно Нерези извисени од Богоев и Весковски- наместо вода за нив, предизборно вода ќе добијат сосема други жители

Жителите на населеното место Средно Нерези, особено улицата Козле 3 се поочигледно е дека се заборавени и во новиот ветен проект на Јавното претпријатие Водовод и канализација и општината Карпош.

Тие како што велат откако се пожалиле во медиумите за три деценискиот проблем и немањето на вода во текот на летниот период секојдневно почнувајќи од 16 до 22 часот речиси никој да не се заинтересирал за нивниот проблем.

Откако речиси три дена за време на последниот викенд полициски час останаа без вода за пиење тие повторно останаа извисени од градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев и директорот на Водовод и канализација Душко Весковски.

Имено општината и водовод непосредно по излегувањето во медиумите на жителите за 30 годишниот проблем започнаа со изградба на нова улична секундарна водоводна мрежа низ локалитетот Средно Нерези.

Сепак жителите тврдат дека директорот и градоначалникот предизборно на сосема погрешно место ќе градат нова водоводна мрежа со што нивниот проблем нема да биде решен.

-Се обративме во општината, каде не препратија во месната заедница од таму не можеше да добиеме полесен одговор. „Не не сте вклучени во овој проект, истиот е за жителите на Горно Нерези“, што е сосема нелогично бидејќи за овој проблем ние се жалевме, вели револтиран жител на улицата Козле 3.

Редакцијата на КУРИР побара одговор и од Општината Карпош каде не знаејќи одговорија дека граѓаните сами да си прашаат во нивната месна заедница.

-Според проектот за изградба на водоводна мрежа во т.н. високата зона на Нерези, предвидено е да биде обезбедено поквалитетно снабдување со вода на сите жители од улицата Козле (како главна улица) и сите 14 краци на таа сообраќајница. За подетални информации жителите од Нерези може да се информираат преку нивната месна заедница, стои во одговорот на општина Карпош.

КУРИР неодамна побара одговор и од Водовод и канализација каде што не одговарајќи на нашето прашање само ја потврдија незаинтересираноста за жителите од оваа улица.

Жителите стравуваат дека овој проблем повторно нема да биде решен иако јавноста била изманипулирана од Богоев и Весковски.

-Наместо да дојдат кај нас за да видат што е проблемот тие отидоа на сосема погрешна локација во населбата и ќе градат нова водоводна мрежа во Горно Нерези што е на пет километри од нашата улица и немаме никаква поврзаност со тие жители, ова не е ништо друго освен политички предизборни поени, велат граѓаните.

Тие велат дека и покрај тоа што сега имаат вода бидејќи времето е врнежливо и пумпите биле вклучени, стравуваат дека повторно штом фатат горештините ќе останат без вода за пиење во 21 век.

-Пумпите намерно ги исклучуваат и се иживуваат со над 150 семејства на улицата Козле 3, нашата борба нема тука да престане особено казнет од гласот на граѓаните ќе биде Стефан Богоев кој ниту еднаш не се заинтересира за нас, но тоа го прави од срам бидејќи поради политички поени ќе финансира проект со водовод за сосема други улици кои не ни се пожалиле за овој проблем, завршија граѓаните.

Коронавирус