среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 39
home Вести

Спротивно на Законот за приватност, одбиено барањето на одбраната во случајот „ТНТ“ да не се читаат јавно имињата на учесниците во телефонските разговори

Спротивно на Законот за приватност, одбиено барањето на одбраната во случајот „ТНТ“ да не се читаат јавно имињата на учесниците во телефонските разговори

Во Кривичен денеска во тек е доказна постапка за случајот “ТНТ” или “Космос”, во која ќе се слушаат 24 аудио снимки. Одбраната бара, во склоп на судската пракса, пред изведување на доказите, односно аудио снимките да се читаат редните броеви, кодовите или телефонските броеви, а не имиња и презимиња на учесниците во тн “бомби”.

Но, судијата го одби барањето и му дозволи на обвинителот да ги најавува лицата со име и презиме пред секоја аудио снимка. Инаку на одбраната не и беше дозволено вештачење на аудио фајловите, па според адвокатот Димитар Дангов со ваквиор потег на судскиот совет и СЈО се повредува законот за заштита на приватноста.

Обвинети за уривањето на комплексот „Космос“ се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски.

Според одбраната, креираните разговори се прибавени на незаконски начин, кои според законот неможе да се докази бидејќи се незаконски прибавени согласно член 12.ст.2 од законот за кривична постапка и чија автентичност и целовитост судот одбие да се провери.

Од разговорите се разбира дека во ниту еден момент Миле Јанакиески и Никола Груевски не направиле никаков законски прекршок. Може да се слушнат секакви разговори, но не и било какво договарање за противзаконско работење, тврди одбраната.

Согласно закон на Фијат Цановски му била издадена градежна дозвола со сите детали во неа, и според истото требало да изгради три нивоа подземни гаражи, согласно проектот.

Но, Фијат Цановски не ја почитувал градежната дозвола и изградил едно подземно ниво гаражи помалку, односно наместо 3 нивоа под земја, со цел да ги намали трошоците и да оствари екстра профит спротивно на законот, изградил само две. При тоа Цановски се надевал дека потоа политички ќе го среди престапот бидејки бил пратеник и во роднински врски со Велија Рамковски. Инаку заштедата на Фијат Цановски со неградењето на еден цел кат подземна гаража е 2 милиони евра, вели одбраната.

Деловникот според кој е донесен ДУПот и издадена градежна дозвола, предвидувал колку гаражни места треба да има одреден број станови. Практично дури и да се сакало, непостоел законски начин да се смени градежната дозвола, бидејки деталниот урбанистички план(ДУП) и градежната дозвола биле издадени согласно важечкиот деловник во моментот кога се донел ДУПот.

 

Коронавирус