среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 40
home Вести

Спрега суд-СДСМ: И на Врховен „случајно“ сега му текна да расправа за Тенк на СЈО?!

Спрега суд-СДСМ: И на Врховен „случајно“ сега му текна да расправа за Тенк на СЈО?!

По неколкумесечно одлагање, неделава двајца врховни судии се очекува да реферираат за два предмета од случајот на СЈО „Тенк“, потврдија извори за БИРН.

Едниот предмет пред колегите ќе го изнесе судијата Ристо Катавеновски, а во него се бара највисокиот суд да ја преиспита двегодишната затворска казна за Никола Груевски, како и за поранешниот-помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, кој беше осуден на четири и пол години затвор.

„Тенк“ е првиот предмет на СЈО за кој се преиспитуваат донесените правосилни пресуди. Петте судии по реферирањето на предметите може да побараат дополнително време за да ги проучат списите. Потоа треба да одлучат дали да ги потврдат, преиначат или да ги укинат пресудите за набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра.

Мерцедеесот се вози до ден-денешен и освен најчестиот корисник Заев, во него имаа чест да се повозат и цела плејада високи странски државници, меѓу нив Меркел, Курц, претседателот на ЕУ итн. СДСМ не го исполни ветувањето за негова замена за амбулантни возила, кои исто така до ден-денешен ги нема во болниците.

Познавачите на состојбите, новопројавениот интерес на Врховен суд за случајот „Тенк“, како прв случај на СЈО за кој судот воопшто се заинетерсира, за Курир го толкуваат како дел од старо-новата политичка агенда на СДСМ и одраз на директната поврзаност на судско-владејачката спрега во Македонија.

Во сличен контекст е и „итноста“ на судското брзање за завршница на случајот ТНТ, кој се толкува како полуга за враќање н реминисценциите на СДСМ за измислениот „режим“ на ВМРО-ДПМНЕ, поим со кој градеа политичка кариера во 11-годишниот пост од власт како опозиција. „Режимот“ и „плашењето“ на народот со поништување на Преспанскиот договор се и основните постулати врз кои ќе се базира кампањата на СДСМ во предизборието. Сега, во класична безидејност и недостиг на идеи, СДСМ повторно го враќа режимот на голема врата, а помош за актуелизирање на поимот очебијно се очекува од „независните“ судски инстанци, кои треба да дадат ветер во едра на партијата која според псоледните анкети во низа е на добар и сигурен, прав пат за во опозиција.

Коронавирус