сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Спречен обид за шверц на 200 килограми марихуана на граничниот премин „Блато“ кај Дебар

Спречен обид за шверц на 200 килограми марихуана на граничниот премин „Блато“ кај Дебар

Дрогата била откриена при втората контрола, а била скриена во посебен простор поставен над подот на  возилото.

На граничниот премин „Блато” на албанско – македонската граница кај Дебар спречен е обид за шверц на 200 килограми марихуана.

-Дрогата е откриена во возило со албански сообрајќајни ознаки и со лого на производител на мебел, управувано од лицето Флориан Алимани (26) од пограничното албанско село Ѓурица, но жител на Драч. Наркотичното средство било наменето за нарко пазарот во Северна Македонија, стои во соопштението на Полицискиот комесаријат од Пешкопеја.

Дрогата била откриена при втората контрола, а била скриена во посебен простор поставен над подот на  возилото.

Од првичните сознанија на полицијата дрогата била натоварена во Пешкопеја.

Според полицијата, успешната акција е резултат на засилените контролни мерки со цел спречување секаков обид за шверц на дрога, како и спречување на какви било меѓугранични криминални дејствија.

Ова е најголема количина дрога запленета на двете страни од овој граничен премин, а секогаш била откривана при влез на нашата територија.

Коронавирус