сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Спорниот тендер на Рашковски, дивоградбата на Усеини и платформата на Матка под лупата на Антикорупциска

Спорниот тендер на Рашковски, дивоградбата на Усеини и платформата на Матка под лупата на Антикорупциска

Антикорупциската комисија денеска соопшти дека отвора предмет за јавната набавка за инсталација на радарскиот систем за управување со воздушниот сообраќај и за улогата во оваа набавка на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Покрај тоа, антикорупционерите ќе ја испитуваат и дивоградбата кај чинарот во Охрид, која е во сопственост на советникот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини.

Антикорупциска поведе постапка за кривично гонење на градоначалникот на општина Сарај поради дивоградбите на Матка.

По увидот на лице место и увидот во целокупната документација, Комисијата утврдила дека градоначалникот Беџети имал законска обврска да ги одбие барањата за легализација на времените објекти, но наместо тоа тој овие предмети ги чувал во фиока.

Најнови вести

Коронавирус