четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Според Заев и Филипче, граѓани нека умираат, мерки за корона ќе добијат по избори во Штип

Според Заев и Филипче, граѓани нека умираат, мерки за корона ќе добијат по избори во Штип

Секој ден во Македонија умираат десетици граѓани од КОВИД-19, но премиерот Зоран Заев вели дека во моментов не се размислува за рестрикции во движењето. На иста линија е и министерот за здравство, додека вицепремиерот Битиќи е загрижен за екомските последици од евентуален „локдаун“.

Ваквиот став премиерот го изнесе и во неодамнешно интервју за Дојче Веле, во кое потенцираше дека евентуалното воведување на дополнителен полициски час поради пандемијата на коронавирусот, нема да го реши проблемот, туку само ќе го оддолжи.

„Ако не можеме да се справиме, затоа што се истоштени и лекарите и персоналот, и нема доволен капацитет, тогаш ќе се стегнеме. Се додека постои можност не треба да се воведуваат рестрикции и треба да се остави простор бранот сам по себе да падне како што се случува и во другите земји“, истакна во самотот интервју Зоран Заев.

ПОЛИЦИСКИ ЧАС ПО ИЗБОРИ

Но дали позади тврдењата на министрите и премиерот постои друга причина зошто полициски час нема, иако состојбата со КОВИД-19 и не е толку сјајна. Енормната бројка на починати па дури и на новозаболени укажуваат дека пот итно се потребни рестриктивни мерки, а на самото тоа алармираат и експертите. Дали изборите во Штип и Пласница се причина да не се воспостави полициски час во државата?

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток најави дека нема да учествува на предвремените локални избори во Штип и Пласница.Од партијата велат дека не се плашат од изборно соочување туку се грижат за здравјето на граѓаните во услови кога има енормен број заразени и починати од КОВИД-19.

„Дополнителен аргумент за оваа одлука е апелот на Министерот Филипче кој побара од граѓаните да седат дома и да не ги напуштаат домовите без потреба,освен ако не се работи за нешто неопходно,и самото тоа дава една парадоксална ситуација, владејачката гарнитура од една страна да води кампања за избор,и а од друга страна министерот повикува да се седи дома. Но како и да е, ВМРО ДПМНЕ апелира да преовладува разумот и да не ги доведува граѓаните во опасност и ризик во Штип“, изјави пред извесен период за медиуми членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Бројките сами по себе ја илустрираат состојбата, поради тоа се потребни построги мерки, но власта ја убедува јавноста дека ситуацијата е под контрола.

„Полициски час по 21 часот навечер практично сметаме дека нема ништо да донесе“, рече денес министерот за здравство Венко Филипче при изјава за медиуми.

„Досега не е предложена мерка што ќе значи толкава рестрикција – полициски час, затворање на државата. Дали е тоа опција во наредниот период – да. Ако имаме прогресирање на пандемијата, зголемување на ширењето на болеста секако треба да се преземат дополнителни мерки, но тие мора да бидат димензионирани на потребите кои ги налага одредена ситуацијата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред одреден период во дневникот на Сител.

(НЕ)СООДВЕТНА КРИТИКА НА ЕКСПЕРТИТЕ

Наспроти ставовите на власта дека не се потребни рестриктивни мерки, експертите и лекарите бараат под итно воведување и на полициски час.

Микробиологот Никола Пановски препорачува воведување на полициски час како мерка во борбата против вирусот. Вели дека за 5-6 пати се зголеми бројот на заразени. Тој очекува дека ќе има и поголеми бројки.
Викенд мерки и полициски час нѝ е неопходен за да може здравствениот систем да го издржи напливот на пациенти со КОВИД-19, смета доктор Драган Даниловски.

„Сегашните мерки покажуваат дека може да се прекине тој раст на заболени, што значи дека во некој нареден подолг период би имале линаерно зголемување на просечно по околу 1.000 нови КОВИД-случаи. Сепак сметам дека здравствениот систем не може да го издржи тоа и затоа се потребни построги мерки, како што се викенд мерки, но и сметам дека полицискиот час е неопходен“, вели епидемиологот Драган Даниловски за телевизија Канал 5.

Докторот Игор Николов при свое гостување на Алфа телевизија во „Што не е јасно“ вели дека се игра пинг-понг со мерките, а не се презема ништо конкретно, дури и алгоритамот кој се користи е за 15 до 30 позитивни не за 900 до 1,100 позитивни лица, како и тоа дека за една недела имаме 70% раст на новозаболени од вирусот.

Коронавирус