понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Вести

Според Таравари нејасна е методологијата за попишување бидејќи мнозинството градоначалници застапуваат партиски ставови

Според Таравари нејасна е методологијата за попишување бидејќи мнозинството градоначалници застапуваат партиски ставови

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари се сомнева дека годинава ќе се одржи попис. За него е нејасна методологијата за попишување и нема да оди на дебатите, бидејќи, како што вели, на нив мнозинството градоначалници застапуваат партиски ставови.

Сомнежот дека попис оваа година нема да има, Таравари го искажа во одговорот на новинарско прашање дали добил покана за учество во најавените дебати. Прашан на што го темели сомневањето, посочи дека роковите се кратки за да се исполнат условите, а нејасна е и методологијата.

– Попис треба да има, тоа сум кажал повеќе пати и стојам на тој став. Меѓутоа имаме повеќе забелешки на методологијата. Не можам да го разберам ниту директорот државниот завод за статистика кој во неколку наврати различно зборува. Од тие причини, имам лични дилеми дека пописот ќе се одржи оваа година. Еве, веќе сме февруари, а подготовките за ваква значајна операција не се почнати, рече Таравари, нагласувајќи дека тоа е негов личен став.

Дебатите за пописот на кои се поканети градоначалниците ги смета за некорисни. На нив нема да оди, бидејќи во ЗЕЛС мнозинството се кадри на СДСМ и предлозите на опозициските градоначалници нема да се прифатат.

– Добивме покана од ЗЕЛС, но таму од 85 градоначалници, само петмина не се од СДСМ. Па така, бадијала ќе дебатираме, кога нашите сугестии и предлози не се прифаќаат. Јас веќе година и пол ги игнорирам нивните седници, така ќе биде и со оваа. На оваа тема ќе дебатираме, но во ЗЕЛС не, објаснува гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари. (МИА)

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија