среда, 28. септември 2022. Вести денес: 90
home Вести

Според Радев, за Бугарија не се прифатливи Горна и Северна- му преостанува ли Нова Македонија на Заев?

Според Радев, за Бугарија не се прифатливи Горна и Северна- му преостанува ли Нова Македонија на Заев?

За Бугарија не се прифатливи имињата Горна или Северна Македонија кои се со географска одредница која како што изјави денес бугарскиот претседател Румен Радев, ќе биде на штета на Бугарија.

Бугарскиот претседател Радев на денешната прес конференција додаде дека Бугарија не сака да се меша во решавање на спорот, но треба да се внимава бидејќи ова прашање ја засега и Бугарија.

Зоран Заев од прес конференцијата со евроамбасадорот Самуел Жбогар пред десетина дена изјави дека тој е подготвен за географска одредница.

За сега, Радев децидно да каже дека Бугарија не се согласува со географска одредница од типот на Горна или Северна. Со ова го става Зоран Заев пред свршен чин и му преостануваат предлозите Нова Македонија или Република Македонија (Скопје).

Од друга страна секојдневно излегуваат информации за текот на преговорите и кои се грчките црвени линии, односно дека Грција инсистира на уставни промени во Република Македонија.  Со тоа се демантираат изјавите на СДСМ и Зоран Заев дека не се преговара и за промени во Уставот на Република Македонија.

Тоа се потврдува и во денешното соопштение на Грчката академија на науките и уметностите која  потенцираше дека  како предуслов  за постигнување на договор потребни се уставни промени.

Тие во соопштението пишуваат дека неопходен предуслов за било каков договор за името на државата на Скопје треба да биде измена на Уставот, напуштање на иредентистичките барања (учебници, географски карти, споменици на Александар Велики итн) и присвојувањето на историјата, на културата и на симболите на нашата земја.

Коронавирус