понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 45
home Вести

Според МЕПСО: Граѓаните се виновни затоа што се бунат за поскапата струја!

Според МЕПСО: Граѓаните се виновни затоа што се бунат за поскапата струја!

Плаќаат повисоки сметки за мобилен телефон и интернет, а се бунат за поскапувањето на струјата. АД Мепсо излезе со соопштение по реакцииите во јавноста за новото зголемување на цената на електричната енергија.

Велат дека компанијата побарала покачување затоа што планира инвестициски циклус од околу 100 милиони евра. Тврдат дека во земјава не постои производител на потребната опрема за трафостаниците и далеководите и поради тоа целата таа опрема се набавува од странство поради што според нив голото споредување  на цената на мегаватчас елетрична енергија со просечната плата во нашата земја е некорекно. Врз основа на анализите кои ги направила компанијата се утврдило дека се потребни инвестиции  во постоечката инфрастуктура, постројките и далеководите.

-За жал, во одредени сегменти на нашето општество се уште постојат предрасуди и за најмала промена на цената на електричната енергија; дел од критичарите на цената на електричната енергија, во исто време, за мобилен телефон со интернет забава се подготвени да издвојат и значајни износи, често и далеку повисоки од сметката за електрична енергија. Понатаму, како висока сметка за електрична енергија се третира и сметка кога, оваа најскапа енергија, се користи за загревање на цела куќа или голем стан, се вели во соопштението од МЕПСО.

Од државните електрани  пак посочија дека ќе предложат формирање на енергетски социјален фонд за подршка на  ранливите категории. Но не одговорија  дали за нив би било прифатливо евентуално намалување на ДДВ – то за електрична енергија  од 18 на 5 отсто. Посочија дека одлука за тоа ќе одлучува новата Влада.

По реакциите во јавноста и протестите кои беа одржави во  дел од градовите од регулаторна посочија дека ќе ја повлечат одлуката за зголемувањето на цената ако на тоа се сложат државните енергетски компании. Но по нивните реакции засега новата повисока цена останува на сила.

Струјата поскапе за 7, 4 проценти. Од регулаторна појаснија дека тоа се должи на кризата со вирусот и намалените приходи на енергетските компании.

Коронавирус