вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 68
home Вести

Според Дескоска- Тупанчевски бил советник на Груевски: СДСМ не може да се помири со фактот дека предметите на СЈО се историја поради нивниот заеднички криминал

Според Дескоска- Тупанчевски бил советник на Груевски: СДСМ не може да се помири со фактот дека предметите на СЈО се историја поради нивниот заеднички криминал

Повеќе од очигледно е дека најголемата болка на министерката за (не)правда и главна цел на новото законско решение кое го предлага Рената Дескоска се предметите на СЈО и продолжувањето на политичкиот прогон, објавува Инфомакс.

На денешната дебата тројца професори посочиja дека со законот се наметнува дуализам што е противуставно, а забелешки за законот за обвинителство имаше и еден од најголемите експерти на полето на кривичното право професорот Никола Тупанчевски кој истакна дека законот е правно неписмен и номотехнички неисправен , нешто со што се согласи и самата Дескоска и посочи на Дескоска за време на прес конфернецијата, главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски.

На незгодното прашање Дескоска одговори несмасно посочувајќи ги професорите како Тупанчевски, Силјановска, Калајџиев, Климовски, Даштевски како советници на екс премиерот Никола Груевски.

-Противуставноста ја кажаа оние кои што се советници на Груевски, извинете Мицкоски, исто е тоа. Значи нивниот став беше форсирање на противуставноста. Јас не мислам дека има аргументи за противуставност поради тоа што не станува такво нешто, одговори Дескоска.

Откако се „пошегува“ и самата си се изнасмеа на шегата, Дескоска имаше момент на искреност каде што ги спомена предметите на СЈО.

-Мислам дека она што беше кажано за против уставноста и целокупното однесување на луѓето кои што доаѓаат овде како експерти на ВМРО-ДПМНЕ, дава еден лош сигнал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе бара начини да не влезе во процеси на согласува со законот за ЈО. Еден од нив дури и кажа која им е главната болка, значи постапките на СЈО, мислењето на Врховниот суд и случно.

Но она за што Дескоска говореше дека е болка на ВМРО го кажа впрочем професорот Тупанчевски. Тој го напомена правното мислење на Врховниот суд, кој ќе ги укине пресудите за предмети на СЈО за кои до 30 јуни 2017 година не било покренато обвинение како и што впрочем стои во Законот за СЈО. Според него не може да се апстрахираме од правното мислење на Врховен.

-Не може да се апстрахираме од правното мислење на Врховниот суд, Како може да се суспендира начелно правно мислење на Врховен суд. Тоа е обврзувачко за сите совети, ситуацијата е извесна однапред и ќе стигнете до Врховен и, прашува тој.

Факт е дека СДСМ не може да се помири со тоа што предметите на СЈО се историја, поради нивниот заеднички криминал. Ова за жал е суровата реалност, обвинителството на Јанева до истекувањето на рокот за покренување на обвиненија се бавеше со политички маркетинг на СДСМ и театар за граѓаните, односно „трите“ на чело со Јанева на спектакуларни прес конференција излегуваа со скандалозни обвиненија против функционери од поранешната власт за кои немаа никакви докази. Па така скандалозните обвинувања се претворија во смешни обвиненија како она за „Мерцедесот“.

Останатите пак обвиненија на СЈО покренати после рокот пак беа злоупотребени за „рекет“, за уставните измени и лично богатење на бандата на чело со Заев. И сега ќе бараат правда. Ајде мајката?!