четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Вести

Според делегацијата на ЕУ во Скопје, нема држава во унијата каде приватна фирма врши царински работи

Според делегацијата на ЕУ во Скопје, нема држава во унијата каде приватна фирма врши царински работи

Во Делегацијата на ЕУ не знаат за постоење јавно-приватно партнерство за „track & trace“ на акцизни стоки во земја членка, какво што сака да воведе Владата. Задршки има и кај бизнис-заедницата

Ова е царинското складиште за нафтени деривати во Скопје. Низ овие хангари мора да помине секоја цистерна со нафта увезена од странство пред горивото да заврши во продажба. Целата контрола на процесот ја има Царинската управа.

„Се прати квалитетот на горивата 24 часа, има радарски системи внатре, кои мерат на 4-5 нивоа, било какво несоодветно гориво, одма алармира да се види од што е. Се појавува цистерната, се дава налог колку е како е, она цело време се прати визуелно тука, што и како се утовара. Значи, не може литро да излезе без да се евидентира“, ни објаснија на терен при посета на едно царинско складиште.

Акцизните добра, во кои освен нафтата, влегуваат и тутунот, алкохолот и автомобилите, не се мала работа, бидејќи од нив се полнат околу 11% од Буџетот.

Во последниве пет години најмногу пари од акцизи се собрани во 2019 г., 424,9 милиони евра, а најмалку во 2016 г. – 361,8 милиони евра.

Но, Владата се поцврство гази по патот кој подразбира промена на начинот на кој се следат нафтата и цигарите. Наместо само Царината, улога во процесот ќе има и приватен партнер, преку јавно-приватно партнерство. До скоро, тоа беше идеја, а сега веќе почнува да се операционализира.

Зошто јавно-приватно партнерство, кога акцизите, во основа, се работа на Царината?

„Ги нема тие алатки кои дополнително треба да се направат. Царината ги нема. Оние алатки кои ги има во моментот ги применува. Заради тоа се прави дополнително јавно-приватно партнерство. Има многу држави каде што работат на овие системи и не знам зошто и од каде е оваа нејаснотија која што евентуално би се појавила во јавноста. Многу европски практики ги имаат тие. Зборувам за ЕУ“, вели директорот на Царинската управа, Горан Сугаревски.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Коронавирус