четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 47
home Вести

Според Давитковски под чадорот на државата има многу институции кои се ставени за да имаме повеќе функционери

Според Давитковски под чадорот на државата има многу институции кои се ставени за да имаме повеќе функционери

Универзитетскиот професор Борче Давитковски, вчера гостуваше во емисија на 1ТВ и говореше за одредени институции кои се ставаат под чадорот на државата со цел да има повеќе функционери.

Давитковски рече дека, ние во Македонија имаме 32 инспектората од кои 13 се легални по него.

-Во рамките на министерствата каде што има инспекторати и тие се нарекуваат државни инспекторати итн. за труд на пример, а имаме плус 17 кои со мали закончиња со lex specialis како печурки егзистираат и вршат исто така инспекциски надзор. Сега имаме разно разни агенции, управи кои што немаат никакви управни или државни функции тоа за унапредување на култура итн. тоа не е државна класична функција, ги измешавме многу лончињата и се во еден кош ставаме. А, сето тоа се прави за да имаме повеќе функционери. Токму тоа е идејата, инаку тие онака би биле како обични институции или условно речено парадржавно или јавни служби кои ќе немаат атрибут на класичен државен орган, објаснува Давитковски.

Коронавирус