среда, 12. мај 2021. Вести денес: 4
home Вести

Според член 217 од ЗКП, Заев е должен да сведочи по обвинувањата од родителите на убиените деца

Според член 217 од ЗКП, Заев е должен да сведочи по обвинувањата од родителите на убиените деца

Вчерашните сведочења на родителите на убиените деца кај Смилковското езеро во случајот „Монструм“ ја разбрануваат јавноста. Активистот Димитар Апасиев вчера на социјалните мрежи напиша дека во цивилизирани држави, тоа што Заев сега го прави, се вика попречување на правдата. Според универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска на институциите им порача дека не треба да штитат никого, без разлика дали се на власт, без разлика каква функција имаат во моментот, сите во државата треба да бидат еднакви пред законите.

Горан Наќевски, татко на убиениот Александар побара да даде изјава под полна морална и кривична одговорност. Потсети дека кога биле кај премиерот Зоран Заев тој им ветил дека ќе ги даде имињата на петте функционери на ДУИ кои ги има во „бомбите“ и кои, наводно, се поврзани со смртта на децата.

„Ама, тогаш ДУИ му беше политички противник. Ни покажа транскрипти од разговор меѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири. Лани, кога судот ја поништи првостепената пресуда, сопругите побараа и остварија уште една средба со Заев. Но сега им рече дека не смее да им ги даде транскриптите бидејќи се државна тајна и ќе сторел кривично дело, ама им велеше слободно да фотографираат. Сметаме дека доказите се во седиштето на СДСМ, бараме судот да издаде наредба за претрес и да ги обезбеди транскриптите. Ценетиот премиер Заев манипулира и уценува со доказите. Доколку сметате дека лажеме и измислуваме, повикајте го нека дојде во судот, ако сакате и стражарно спроведете го, ние сме тука и ќе чекаме колку што треба за да се соочиме“, зборуваше Горан Наќевски и побара сѐ што кажал да биде внесено во записник.

По ваквите зборови на Наќевски, следеше бура од реакции во јавноста. Активистот Димитар Апасиев на социјалните мрежи напиша дека во цивилизирани држави, тоа што Заев сега го прави, се вика попречување на правдата.

-Во цивилизирани држави, ова однесување на сегашниот премиер (да имаш докази за убиство, а да не ги даваш) се вика „ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА“ и се лежи побајаааги затвор, коментира професорот Димитар Апасиев на обвинувањето на таткото на Алексадар Наќевски, едно од убиените момчиња кај Смиљковското Езеро.

Според универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска на институциите им порача дека не треба да штитат никого, без разлика дали се на власт, без разлика каква функција имаат во моментот, сите во државата треба да бидат еднакви пред законите.

Според член 217 од КЗ, Заев треба да биде повикан на сослушување по обвинувањата од родителите на убиените деца.

Во член 217 од Законот за кривична постапка стои:

(1) Како сведоци се повикуваат лица за кои е веројатно дека ќе можат да дадат
известување за кривичното дело и сторителот и за други важни околности.
(2) Оштетениот, оштетениот како тужител и приватниот тужител можат да се
сослушаат како сведоци.
(3) Секое лице кое се повикува како сведок е должно да се јави на поканата, а
ако во овој закон поинаку не е определено должно е и да сведочи.

Коронавирус