среда, 8. јули 2020. Вести денес: 260
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Вести

Според анкета на „Детектор“, најголемиот дел од граѓаните сакаат избори во септември

Според анкета на „Детектор“, најголемиот дел од граѓаните сакаат избори во септември

Денес во емисијата „Детектор“ се презентираше анкета на која граѓаните се изјасниле кога според нив е најбезбедно да се гласа. Граѓаните најмногу се изјасниле за месец септември и процентот изнесува околу 24.2%.

На прашањето „Дали пред да се појави пандемијата со коронавирус вие планиравте да гласате на претстојните парламентарни избори?“, позитивно одговориле 74.7%, а негативно одговориле 18.1%.

А, според прашање „ Гледано од денешна перспектива, дали би гласале доколку изборите се одржат во периодот кон крај.от на јуни или во првата половина на јули?“ граѓаните кои позитивно одговориле се околу 48.2%, негативно кои одговориле се околу 35.1%.

Но изненадувачки е што граѓаните на Република Македонија повеќе сакаат изборите да се случат периодот во месецот септември. Тоа го говорат и податоците на анкетата од „Детектор“. На прашање „Според Вас, кога треба да се одржат изборите?“, за јуни одговориле околу 15.1%, за јули 17.6%, за месец август 15.8%, но за месец септември е најголемата желба на граѓани да се организираат изборите и процентот изнесува 24.2%, а после септември е околу 22.8%.

Парламентарни избори 2020