петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Спомен на Светата маченичка Аквилина: Нејзините мошти беа извор за исцелување на болните!

Спомен на Светата маченичка Аквилина: Нејзините мошти беа извор за исцелување на болните!

Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година беше наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен и со благодатта на Светиот Дух, што им Го проповедаше Христа со голема ревност и голема сила на своите пријателки.

Кога настана гонењето на Диоклецијан, некој ја поткажа Аквилина кај царскиот намесник Волусијан, кој беше еден ѕвероподобен човек.

Волусијан најнапред нареди да ја камшикуваат, а потоа со усвитена шипка да и’ ги прободат ушите и мозокот. До последниот здив девицата Аквилина Го исповедаше слободно и јавно Господ Христос, а кога од главата почнаа да и’ течат мозокот и крвта, таа падна како мртва. Мислејќи дека е навистина веќе замината, намесникот заповеда да ја изнесат надвор од градот и да ја фрлат на ѓубриште, за телото да ѝ го изедат кучиња.

Но, ноќта ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Стани, биди здрава!“ Девицата стана и беше здрава и долго со благодарност Му вознесуваше слава на Бога, молејќи Го да ѝ допушти да го доврши маченичкиот подвиг. „Оди, ќе ти биде како што молиш!“, се слушна глас од небесата. И Аквилина отиде во градот.

Градската порта сама се отвори пред неа и таа дојде и влезе, слично на дух, во дворецот на намесникот пред неговата постела. Намесникот го обзеде неискажлив ужас, бидејќи ја виде жива девицата за којашто мислеше дека го напуштила овој свет. Утредента му нареди на џелатот да ја погуби со меч. Пред ова девицата Аквилина Му се помоли на колена на Бога и го предаде својот дух. А кога беше веќе замината џелатот сепак и ја отсече и главата. Нејзините мошти беа извор за исцелување на мнозина болни. Имаше дванаесет години кога пострада за Христа. Пострада и се украси со маченички венец во 293 година.

Свети Трифилиј, епископот на Левкозија Кипарска

Ученик на свети Спиридон, а подоцна му беше и сослужител на островот Кипар. Човек милостив, чист со мислите, цел живот девствен, „жив извор на солзи“ и голем испосник. Добро управуваше со стадото Христово. Кога се упокои, прими венец меѓу големите јерарси на небесата. Се упокои мирно, во 370 година.

Света Ана и нејзиниот син Јован

Како сираче беше земена во куќа на големци и како посвоенче однегувана и воспитана таму. Бидејќи добродетелна девојка, овој големец ја омажи за неговиот син. Кога старецот големец го напушти овој свет, навалија роднините врз неговиот син да си ја остави жената од ниско потекло и да се прежени за некоја којашто може да му прилега со богатството. Но, синот на големецот се боеше од Бога и не сакаше да го направи ова. Гледајќи го мажот во раздор со роднините, Ана го остави тајно и побегна на некој далечен остров, каде што немаше жива душа. На овој остров, пак, дојде бремена и наскоро роди син. Се подвизуваше таму триесет години во пост и молитва. Тогаш, по Божја Промисла, дојде на островот еден јеромонах, којшто го крсти нејзиниот син со името Јован. Се подвизуваше оваа света душа во 5 век и мирно се упокои.

Коронавирус