недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Спојувањето во пакет со Албанија за Османи не било причина за недобивање на датум

Спојувањето во пакет со Албанија за Османи не било причина за недобивање на датум

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, смета дека со недобивањето на датум за отворање на преговорите со Европската Унија, Македонија е колатерална штета на дилемата на Франција за проширувањето воопшто.

Тој ова го истакна во телефонско влучување во емисијата “Top Show“ на една од најгледаните телевизии во Албанија Top Chenal. Османи беше прашан дали во случајов со недобивањето на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ, Македонија е колатерална штета поради тоа што е во еден пакет со Албанија?

– Имаше обиди за такви интерпретации, но мислам дека не беше тоа, не бевме колатерална штета на обидите со Албанија. Ние бевме колатерална штета на дилемама на Франција за проширувањето воопшто, рече Османи.

Коронавирус