петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 57
home Вести

СПОДЕЛЕТЕ СИТЕ: Пронајден траг на исчезнатата Даниела од Драчево!

СПОДЕЛЕТЕ СИТЕ: Пронајден траг на исчезнатата Даниела од Драчево!

Семејство од Скопје моли за помош. Исчезнатото лице Даниела Пецевска од скопско Драчево ја нема веќе 4 дена. Исчезна во понеделникот и од тогаш и` се губи секаква трага.

Доколку имате некаква информација исконтактирајте го семејството на телефонскиот број: 076-360-309. Последен пат била забележана во реонот на скопски Аеродром.

Вечерва на ФБ страната Драчево- мојата населба, беше објавено дека исчезнатата Даниела била видена денеска во Битола.

-Од блиски и фамилијарни извори на исчезнатата Даниела Пецевска која и се губи траг пред 5 дена во интерес на истрагата, видена е вчера во Битола т.е во близина на „Безистен“ (центарот) каде кратко комуницирала со женска личност и напуштила лице место (лицето е веќе во контакт со најблиските кое комуницирало), но ни треба вашата помош за пронаоѓање, како што дојдовме до информација Даниела е забележана исто така и од друго лице во текот на вчерашниот ден.

АПЕЛ до Битолчани и цела јавност да ја споделат оваа исклучиво важна информација и доколку имаат било каква информација или ја виделе Даниела која сеуште ја носи истата гардероба (црна јакна, црни панталони и црвен џемпер) да се јават во најблиската полициска станица или на тел. 076/360-309 или може и нам да ни пратите порака, стои во објавата.