сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 47
home Вести

СПМ: Доста „јадевме“ чоколадо, време е да серазбудиме и да почнеме да јадеме леб

СПМ: Доста „јадевме“ чоколадо, време е да серазбудиме и да почнеме да јадеме леб

Го повикуваме Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, наместо со својата појава како овластено службено лице на МВР да ги почитува Законите особено Законот за внатрешни работи на КОЈ важи и за Министерот а НЕ да демонстрира сила и моќ додека е Министер со тоа што како што гледаме деновиве стои позади лидери на партиски пресови и воопшто не е добро со својата појава ИНДИРЕКНО да врши притисок кон граѓаните за членство во политичка партија, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од Синдикатот на полиција во Македонија.

-Наместо да оди по домови на граѓани и партиски штабови во време на ПАНДЕМИЈА, треба да ги почитува Законите а воедно и ги спроведува а НЕ да си тера партиски и лични интереси ЗЛОУПОТРЕБУВАЈЌИ ЈА ПОЗИЦИЈАТА МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ. Синдикат на Полиција во Македонија се прашува „Уште колку време треба и години да изминат за истиот Министер да покаже ИНТЕРЕС кон вработените во МВР во кои веќе петта година ни дава само СЛИКИ и изјави кои содржат само празни ВЕТУВАЊА. Тука му порачуваме и го повикуваме НАМЕСТО да се шета по ПАРТИСКИ ШТАБОВИ за да зачленува во партијата граѓани, го покануваме да дојде и да се прошета со СИНДИКАЛНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ НА СПМ да ги посети ПОЛИЦИСКИТЕ СТАНИЦИ и објекти на МВР да види ЛИЧНО во какви услови за работа ги извршуваат работните задачи полицајците, а воедно да ги види дадените со изјава ВИРТУЕЛНИТЕ УНИФОРМИ да види и каже ЗОШТО вработените ги немаат добиено а особено со каква безбедносна опрема за заштита работат, дали истата е исправна и дали ја има ВООПШТО а секако и да се повози со службените возила стари и по триесетина години за да се стекне со ЧУВСТВО и да каже дали му се СИГУРНОСТ или ЗАГРОЗЕНОСТ па да се увери што е несигурност, бидејќи тој досега не почуствувал а се прави дека не не слуша и си ја тера овие неколку години за свои интереси да постојано се купуваат СКАПИ нови возила само за функционери, велат од синдикатот.

Од таму додаваат дека и кога веќе толку многу е заинтересиран за ЧЛЕНСТВО во ПОЛИТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА да го потсетиме дека наместо тоа што го ГЛУМИ и ЛАЖЕ во изјави за јавноста да КАЖЕ зошто ЗАБРАНУВА слободно и НЕПРИКОСНОВЕНО право на ВРАБОТЕНИТЕ во МВР и не им ДОЗВОЛУВА ЧЛЕНУВАЊЕ во СПМ со тоа што НЕЗАКОНСКИ УКИНА писмен договор со МВР за ЗАДРШКА на СИНДИКАЛНА ЧЛАНАРИНА на вработените. Пак ќе те прашаме „НАШ“ Министре вака ли се почитуваат човековите и работните права!!! Кој ќе ги плати ШТЕТИТЕ кој се предизвикани за кој покренавме СУДСКА ПОСТАПКА? Вака ли се грижите за имиџот и угледот на државата во која Министер ОДЗЕМА ЗАКОНИТИ ПРАВА, што ќе пишува во ИЗВЕШТАИТЕ на Европските претставници сега откако е ИЗВЕСТЕНА и МЕЃУНАРОДНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ТРУДОТ за кршење и на меѓународните конвенции…

ЕУРО 2020

Македонија