четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 60
home Вести

СПМ до Спасовски: Дали полицаецот е граѓанин, дали полицаецот има свои слободи и права ?!

СПМ до Спасовски: Дали полицаецот е граѓанин, дали полицаецот има свои слободи и права ?!

Синдикатот на Полиција во Македонија, и во овој случај по кој знае кој пат , со огромно жалење ја прими информацијата дека Министерството за внатрешни работи , од скоро го има напуштено уште еден припадник и наш член Полицаец од СВР Куманово . Имено, според информациите со кои што располагаме, се работи за млад , чесен и доскорашен припадник на полицијата , кој што уште од моментот на неговото вработување, учествувал во извршување на најсложени полициски задачи а истовремено бил ангажиран и како припадник на Посебната Единица за Подршка при СВР Куманово при што во сите негови ангажмани покажал висок степен на професионалност и посветеност во работењето, стои во соопштението на Синдикат на полиција во Македонија.

Како што велат од СПМ, покрај наведеното , нивниот доскорашен колега, на сопствен трошок, во меѓувреме се има стручно дообраззовано на еден од Факултетите за детективи и криминалистика во Македонија при што се има стекнато со 240 кредити и со звање „Дипломиран криминалист„ .

– За жал излегува дека посветеноста, ангажираноста , професионалноста и стручното дошколување , не биле критериуми кои што требало да бидат земени во предвид , па така истиот колега без никаков повод и причина и без никакво образложение , во Октомври 2020 година од неговото работно место како полицаец во ПС од ОН Куманово, со незаконско Решение незаконски е распореден надвор од неговото регистрирано место на живеење како полицаец во полициско одделение Матејче кое што се наоѓа во истоименото село во Општина Липково . Бидејќи на релација СВР Куманово – ПО Матејче , нема организирано службен превоз, а нема воспоставено ниту јавен превоз, колегата бил принуден со негово приватно возило да патува од и до неговото работно место поминувајќи во просек од околу 40 км во еден работен ден, појаснуваат.

СПМ посочуваат дека колегата нивен бил соочен со голем притисок , малтретирање и мобинг на неговото работно место , и дека сето тоа допринело да кај него се јави висок степен на разочараност и демотивираност , по што истиот донел одлука за напуштање на Министерството за внатрешни работи.

– Според наши согледувања , ваквите отворени форми на директен мобинг и притисок од страна на началникот врз припадниците на СВР Куманово , се и основна причина за моменталната актуелна состојба на длабоко нарушени меѓуколегијални и меѓучовечки односи помеѓу сите припадници на СВР Куманово каква што не се памети во подалечната историја на егзистирање на СВР Куманово. Во контекст на сето погоре наведено и досега јавно обелоденето, Синдикатот на Полиција на Македонија јавно го прашува нашиот највеличествен, најдобар, единствен градител и фарбач на фасади, нашиот најдобар министер за внатрешни работи на сите времиња Оливер Спасовски , дали кога на ден 13.09.2021 година ја дадовте Вашата изјва дека „МВР е институција која што претставува заштитник на слободите и правата на граѓаните„ мислевте на околноста дека и ПОЛИЦАЕЦОТ Е ГРАЃАНИН , односно дали полицаецот има или според Вас најверојатно и нема СВОИ СЛОБОДИ И ПРАВА ??!!?? Најнакрај, Синдикатот на Полиција на Македонија јавно по кој знае кој пат Ве прашува , дали и до кога мислите да го толерирате безредието и јавашлукот на Вашиот партиски пајташ-началникот на СВР Куманово, кој што деновиве наместо да се наоѓа на своето работно место и да раководи со СВР Куманово , истиот секојдневно ги отвара и затвара партиските штабови на една политичка партија, додека во тоа време СВР Куманово се наоѓа во лимбо состојба и се движи во надолна линија по слободен пад во сите сфери на полициското работење. Доаѓа време кога за сите свесно направени и од буџетот исплатени штети ќе треба да се поднесе одговорност а за која цел ги охрабруваме сите припадници на МВР да продолжат и понатаму професионално да си ги извршуваат своите работни обврски и за сите незаконитости и направени штети јавно да говорат и истите благовремено да ги пријавуваат. Синдикатот на Полиција на Македонија на колегата кој што ја донел одлуката да го напушти МВР – СВР Куманово , му посакува среќа и успех во понатамошниот живот , а од друга страна упатува отворен повик до Одделот за внатрешна контрола (доколку посрои во МВР) детално да го истражи целиот случај и против началникот на СВР Куманово да ги преземе сите расположливи законски мерки, додаваат од Синдикатот.

Локални избори 2021