понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 97
home Вести

СПМ до Чадиева: Веднаш да си ја искинете дипломата затоа што не сте способни да ја извршувате функцијата доследно

СПМ до Чадиева: Веднаш да си ја искинете дипломата затоа што не сте способни да ја извршувате функцијата доследно

Бидејќи СТЕ “ПРИВЕЗОК” како комисија без грам авторитет и интегритет тогаш ќе Ви се обратиме како што заслужувате БЕЗ ГРАМ ПОЧИТ кон Вас‼️
Како Државна комисија имате законска обврска да го почитувате Уставот и законите во Република Македонија. Бидејќи ти кој и да си заменик претседател некој “Jeton Neziri” како што се потпишуваш, Ти со ваквото непочитување и неспроведување на Закон покажавте дека не сте ништо освен “СЛЕПИ Следбеници” на Власта заедно со твојата претседателка Даница Чадиева која неодамна е претседател на општинска организација во Велес на една партија.
Вие двајцата покажавте и докажавте дека Закон за Вас НЕМА, Устав за Вас НЕМА. Знаете што… Една ден за сето ова Ваше незаконско работење Вие како потписници и останатите членови на комисијата ќе понесете одговорност
Да ви појасниме “писмени” :
Надвор од местото на живеење е надвор, не може да живееш во една општина , да те пратат на работа во друга општина а сето тоа да се смета дека е во местото на живеење.
Веднаш да си ги искинете тоа дипломите затоа што НЕ СТЕ СПОСОБНИ ДА ЈА ИЗВРШУВАТЕ ФУНКЦИЈАТА ДОСЛЕДНО. СРАМ И АРАМ ДА ВИ Е, приврзоци и полтрони на власта…
А сепак, дали функцијата ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИСИЈА е неспоива со извршување на ПОЛИТИЧКА ФУНКЦИЈА, г-це Чадиева???? Запрашајте се, како правник (ако воопшто сте) дали е тоа повреда на Законот??? Дали имате доблест да си поднесете оставка???? Или, пак, не ја учевте лекцијата за ЕТИКА и МОРАЛ, како составен дел од правото???? Или, пак, како и Вашиот заменик, имате образ – ЃОН‼️‼️

Фејсбук статус на Синдикат на полиција во Македонија – СПМ

Најнови вести

Коронавирус