понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 142
Во живо

Следете во живо: Live chat со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Спикерот Џафери му го достави на Димовски извештајот за СЈО и Катица Јанева

Спикерот Џафери му го достави на Димовски извештајот за СЈО и Катица Јанева

Собранискиот спикер Талат Џафери го достави извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева до претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски, информираат од Собранието.

Според собраниската процедура Димовски, сега треба да закаже седница на која ќе се одлучува за разрешувањето на Јанева.

Комисијата ќе треба да одлучи дали седницата ќе биде отворена за јавност или зад затворени врати.

Според собранискиот Деловник откако ќе заврши расправата на Комисијата, претседателот на Собранието ќе треба да свика пленарна седница за разрешувањето на Јанева. Конечната одлука на пратениците ќе треба да крајот да ја потврди и Советот на обвинители.

Коронавирус