петок, 14. мај 2021. Вести денес: 21
home Вести

Специјализантите се уште без здравствено осигурување и платени дежурства, а максимално вклучени во ковид центрите

Специјализантите се уште без здравствено осигурување и платени дежурства, а максимално вклучени во ковид центрите

Специјализантите преку соопштение до медиумите повторно ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат и бараат реализација на нивните проблеми.

Тие посочуваат дека се уште немаат здравствено осигурување, а платата која во моментов ја земаат е помала од просечната во државата.

– Три месеци изминаа откако министерот јавно, на сите медиуми и јавни гласила вети дека проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти е решен. Ја известуваме јавноста дека по тоа прашање сеуште не е постапено.  За потсетување платата на приватните специјализанти остана 26000 денари од 2018 год., што во моментов е за 2500 ден под просечна плата во Македонија. Досега ниедно покачување на личен доход, кое во неколку наврати опфаќаше и не медицински персонал кој работи во здравствениот сектор не не опфати нас како приватни специјаизанти, се вели во нивното соопштение.

Специјализантите посочуваат дека сеу ште немаат платени дежурства иако овој проблем се изнесе пред Министерството за здравство уште во 2019 год.,кога добиле уверување дека наскоро ќе биде решен.

-ЗЛС направи неколу пресметки кои ги опфаќаат државните и приватните доктори на специјализација по однос на платени дежурства. Истите не изнесуваат повеќе од 27.000 евра на месечно ниво за која што сума добивме одобрување од МЗ. Покрај се специјализантите се уште обавуваат 24ч дежурство за нула денари. Дел од овие неплатени дежурста колегите ги релизираат во ковид центрите.Покрај помпезната најава дека се обезбедени средства за вработувања на 250 приватни специјализанти во декември 2020, три месеца подоцна ниту еден конкурс не е реализиран. Со порастот на бројот на активни случаи и во недостаток на медицински кадар повторно се бара од оваа група на маргинализирани лекари да работи во ковид центрите кои се отвараат ширум државата. Бројот на ЗАРАЗЕНИ приватни специјализанти, кои работат во Ковид центрите континуирано расте. А во меѓувреме колегите херојски се борат со КОВИД-19 под овие услови веќе една година. Но во рамките на сопствената држава, не за долго, велат од ЗЛС.

Специјализантите апелираат на итно решавање на горе наведените ставки и нивна конечна реализација, во пракса, во најбрз можен рок.

Коронавирус