четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 157
home Вести

Специјалци наоружани до заби против измачените земјоделци, а Заев од Прилеп порачува: На прав пат сме!

Специјалци наоружани до заби против измачените земјоделци, а Заев од Прилеп порачува: На прав пат сме!

Земјоделците од цела Македонија, здружени во заедничката мака и доведени до работ на егзистенција, организирано го кренаа својот глас и дојдоа на најавен протест во Скопје за на мирен начин да го изразат својот револт од бројните дадени, но не и реализирани ветувања.

Но, наместо на решение за нивната мака, тие како најголеми криминалци, наидоа на кордон специјалци наоружани до заби и оклопни возила, кои за момент ги спречија да дојдат до нивната крајна дестинација- Владата.

Земјоделски производи им завршија пред мостот „Гоце Делчев“, каде полицијата им го попречи патот, а по получасовната блокада земјоделците го поминаа полицискиот кордон и се упатија кон Владата од каде и порачаа на власта дека веќе не можат да ги трпат нивните катастрофални политики во земјоделството.

На крајната дестинација на протестот пак, металната ограда која се отстрани со цел „Владата да биде отворена за сите“, беше заменета со „жива ограда“. Уште еден кордон од полицајци за мирниот протест на македонскиот земјоделец.

Земјоделците ги повторија барањата за поголема поддршка и навремено исплаќање на субвенциите. Најавија и дека ако не им бидат исполнети, ќе излезат помасовно и ќе ги блокираат патиштата во регионите од кои доаѓаат.

Порачаа дека ова не е партиски протест, тука само го бараат ветеното од Заев и СДСМ. Истакнаа и дека протестот се одржува поради глувоста на Владата без политичка позадина.

-Од една страна, нашите барања искажани во декември лани се само делумно исполнети, а од друга, субвенциите не се исплаќаат навреме, туку повторно, пред избори. Доста ни е веќе од таква политика, независно кој е на власт, велат земјодлците.

Еден од говорниците на протестот ја извади и својата членска книшка од СДСМ за да докаже дека тука не е дојде партиски, туку бидејќи е изреволтиран од негрижата на власта.

И додека оваа тажна сага се случуваше на улиците во Скопје, во Прилеп една поинаква слика- според премиерот Зоран Заев сме биле на прав пат.

Заев од граѓанска трибина насловена „На прав пат“ убедуваше дека ние сме Европејци и дека ќе добиеме одлука за почеток на преговорите, односно дека нема друг пат освен ЕУ.

Останува нејасно, какви се тие европски стандарди што ги исполнуваме за да бидеме Европејци кога не го почитуваме највисокиот правен акт во државата, Уставот. Членот 21 од Уставот на Република Македонија јасно вели дека граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест.

Оттука, се поставува само едно прашање: На кој пат се напатените земјоделци?

 

 

Коронавирус