понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 130
home Вести

Спасовски: Приоритет на Владата во претстојниот период е интересот на граѓаните

Спасовски: Приоритет на Владата во претстојниот период е интересот на граѓаните

Наша определба е да работиме во интерес на граѓаните, и ако министрите на ВМРО-ДПМНЕ ги имаат истите мотиви нема да има проблем да работиме за доброто на граѓаните и на државата. Во таа насока беше и денешната средба со министрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш после седницата на Владата и се договоривме дека токму тој интерес ќе ни биде во прв план и дека тоа е причина нашите капацитети да ги издигнеме над дневно-политичките игри и пресметки и да направиме значителен исчекор напред во односите меѓу политичките субјекти, истакна претседателот на Владата, Оливер Спасовски во интервјуто за МРТ.

Посочи дека во овој период Владата првенствено треба да се грижи за воспоставување услови за организирање и спроведување на фер, демократски и кредибилни избори.

-Се разбира, паралелно со тие активности, со исто таква енергија ќе им се посветиме на континуитетот на процесите и политиките што се во тек и што се започнати за државата да оди напред, потенцираше Спасовски.

Коронавирус