сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Спасовски премиер, Царовска вицепремиерка за економски прашања во техничката влада

Спасовски премиер, Царовска вицепремиерка за економски прашања во техничката влада

Шефиците на кабинетите на актуелните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, Славјанка Петровска и Санела Шкријељ, ќе бидат дополнителни заменик-министерки во техничката влада

Оливер Спасовски ќе биде премиер на техничката влада што Собранието треба да ја избере на 3 јануари, открива извор од СДСМ за „360 степени“.

И ако ова решение не е изненадување, другите кадри со кои СДСМ ќе учествува во владата составена според пржинската формула, досега не беа јавно споменувани и може да се сметаат за неочекувани. Мила Царовска, која по сила на закон ќе се повлече од министерка за труд и социјална политика, ќе го заземе местото на вицепремиер за економски прашања и координација на економските ресори во Владата, со оглед на најавеното повлекување на Кочо Анѓушев. Дополнителна заменик-министерка за труд и социјала, на предлог на СДСМ, ќе биде Санела Шкријељ, актуелна шефица на кабинетот на министерката Царовска, објавија од „360 степени“.

Целата вест прочитајте ја на 360 степени.

Коронавирус