понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 118
home Вести

Спасовски обезбедуваше масовен погреб, сега ќе влегувал по домовите по допрен глас

Спасовски обезбедуваше масовен погреб, сега ќе влегувал по домовите по допрен глас

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера најави преседан во постапувањето на министерството, ќе се влегува по пријави и ќе се вршат контроли во домовите на граѓаните и по допрен глас, а пред само два дена го обезбедуваше со полициски службеници и го предводеше масовниот погреб на поранешниот пратеник Амди Бајрам.

Спасовски вели дека немало да го наруши неприкосновеното право на приватност на домот, ама контроли ќе имало. Но, прашањето останува како Спасовски ќе врши контрола без да ја наруши уставна загарантираност приватност на домот на граѓаните.

Да се потсетиме дека Уставот на Република Македонија е јасен кога станува збор за неповредливост на домот на граѓаните кој во Член 26 одредува дека се гарантира неповредливост на домот, кое може да биде ограничено само со судска одлука.

Спасовски не се откажува од тоа да ги врши контролите во домовите на граѓаните противуставно, па дури сега во повредата на приватноста има и преседан, најавува дека МВР ќе го врши по допрен глас.

Оваа најава ги изненади граѓаните кои коментираа во јавноста дека нелогично е Спасовски да влегува во домовите по допрен глас, кога пред само два дена го обезбедуваше масовниот погреб на екс пратеникот Амди Бајрам, за кој медиумите известуваа дека имало над 300 присутни, кој меѓу другото пост мортем беше дијагностициран за позитивен на коронавирусот.

Прописите кои Владата го донесе, а Спасовски како функционер кој треба да се грижи за безбедноста на граѓаните, го прекрши протоколот за забрана на масовни церемонии и присуство на повеќе од десет луѓе во случај на починат од КОВИД-19.

Сега Спасовски кој вчеравечер објави дека и самиот е позитивен на коронавирусот, молчи за масовниот погреб, додека се апелира да не се одржуваат масовни собири, тој истите ги подржува, одговорност нема, ама затоа останува да се нарушува противуставно приватноста.

Сега Спасовски ќе влегува по домовите на луѓето веројатно и ако некој му пише на МВР на социјалните мрежи, или ако некој го тагне министерството на Твитер или Фејсбук, затоа што истото може да се смета за допрен глас.

Коронавирус