среда, 4. август 2021. Вести денес: 48
home Вести

Спасовски: Ништо не се крие во случајот со полицајката, документацијата е доставена до ЈО

Спасовски: Ништо не се крие во случајот со полицајката, документацијата е доставена до ЈО

Ништо не се крие во случајот со полицајката, целата документација е доставена до Јавното обвинителство, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Кавадарци.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој нагласи дека за тој случај Министерството има соопштено се што имало да соопшти.

– Поднесена е целокупната документација до јавното обвинителство, тоа постапува и сите информации што се однесуваат на случајот ги имате таму. Тие податоци ќе ги добиете од Јавниот обвинител. Значи сите информации, податоци, се што е достапно за МВР е доставено во ЈО и се што ве интересира во поглед на оваа истрага која ја води обвинителството, ќе побарате информација од нив. Значи, се што имавме како материјал и како доказ е доставено до обвинителството и во рамките на истаргата која се води, сите информации можат да се најдат само во обвинителството, нагласи министерот.

Коронавирус