среда, 28. јули 2021. Вести денес: 154
home Вести

Спасовски на средба со граѓаните на Арачиново

Спасовски на средба со граѓаните на Арачиново

Овде во Арачиново, покажавме дека е можен и соживот и грижа за сите и денес најавувам уште повеќе инвестиции за рамномерен регионален развој и со тоа и нови работни места и повисоки плати и пензии за сите, во брзата трансформација на економијата што следува, рече носителот на СДСМ во ИЕ 2, Оливер Спасовски.

-Арачиново за прв пат добива градинка, ќе ја добие првата градинка, за којашто заокружувањето на проектната документација е во завршна фаза. Општина – голема како Арачиново години и децении била оставена без детска градинка! А ние, во државава – за само три години инвестиравме во градба и реконструкција на 44 градинки и определни се нови 15 милиони евра за заокружување на 70 новоизградени објекти за градинки. Градиме и канализационен систем долг над 10 километри (10.1) во Арачиново, што е во тек и инвестираме 106 милиони денари. За изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, само во општините во ИЕ 2 вложивме 814 милиони 441 илјада 489 денари. Интензивно работиме на локалната инфраструктура во целата држава и сме во фаза на отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации. Ниту еден капитален проект не дозволивме да запре за време на здравстено-економската криза и продолжуваме и уште повеќе и уште подобро, со цел 34.000 денари просечна плата и 20.000 денари минимална плата во следниот мандат, повисоки пензии и нови работни места. Ние ги насочуваме пари кон граѓаните и се грижиме за сите – на дело. Режимот на Груевски обновен во Мицкоски знае само за поделби и насочува пари само во сопствени џебови. Затоа на овие избори ќе ја оставиме ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, прво самите себе да се обноват. И на овие избори, на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција ќе им се придружи и ДУИ, бидејки по 17 години власт немаат што да им кажат на граѓаните и затоа излегуваат со обновен национализам, истакна Спасовски.

Режимот и национализмот ги оставивме во мрачните времиња на минатото – тие се опасност, а ние продолжуваме заедно, во сигурна иднина, по правиот пат бидејки Можеме, бидејки покажавме дека можеме а во наредниот период можеме уште повеќе и уште подобро, додава тој

Коронавирус