петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 139
home Вести

СПАСОВСКИ МУ ПРАТИЛ ИНСПЕКТОРИ НА ДИМИТРИЕВСКИ? Кумановскиот градоначалник вели дека МВР врши притисок врз општината (ВИДЕО)

СПАСОВСКИ МУ ПРАТИЛ ИНСПЕКТОРИ НА ДИМИТРИЕВСКИ? Кумановскиот градоначалник вели дека МВР врши притисок врз општината (ВИДЕО)

Секторот за внатрешни работи Куманово веќе трет ден по ред врши притисок врз работата на Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски со стопирање на градежни работи кои се одамна започнати и кои се влезени во годишната програма, брифираат од општината.

Од видеото, кое пристигна до нашата редакција, може да се слушне разговор на градоначалникот Димитриевски со инспекторка од Министерството за внатрешни работи (МВР), каде што тој ја прашува инспекторката зошто им кажала на работниците да престанат со работа.

Градоначалникот Димитриевски во видеото ѝ вели на инспекторката дека не е овластена да бара документација на работниците.

– Дали знаете чија надлежност е кога се извршуваат градежни работи, кој врши увид во градежни работи? Вие немате право од изведувач да барате техничка и друга документација. Тоа е исклучиво под надлежност на градежна инспекција. Ова го правите вие од МВР континуирано, на секоја градежна активност. МВР нема право да ги спречува градежните активности на Општина Куманово, што се утврдени со годишен план за работа – ѝ вели Димитриевски на инспекторката.

Како што брифираат од Општина Куманово, ова не е прв случај Министерството за внатрешни работи да биде злоупотребено од страна на министерот Оливер Спасовски за политичка пресметка со градоначалникот Максим Димитриевски.

Во продолжение погледнете го видеото:

Коронавирус