недела, 11. април 2021. Вести денес: 19
home Вести

Спасовски: Мијалков воопшто не го напушти Скопје

Спасовски: Мијалков воопшто не го напушти Скопје

Мијалков не ја напуштил државата во изминатите два-три дена. Тој цело време бил во Скопје. Се преземаа низа на опсежни мерки за негово утврдување, изјави утрово министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за емисијата „Утрински брифинг“.

-Јас вчера и на прес конференција кажав дека според оперативните сознанија знаеме дека тој е во Скопје. Сега се води истрага, до вчера работевме со ОЈО со дежурните обвинители, во смисла на повикување на информативни разговори на лицата кои би можеле да бидат помагатели во неговото бегство. Важно беше да се одземат сите телефони, уреди, документи кои би можеле да бидат од истрагата. При претресот на неговиот дом обезбедени се електорнски уреди и документација која што може да биде дел од целиот процес. Од вчера е назначен јавен обвинител кој што директно ќе раководи со овој случај, вели Спасовски.

Тој посочи дека од моментот кога се добива сознание дека е можно да се изврши бегство, МВР ги применило сите полициски овластувања.

-Ние практично не можевме да преземаме, ниту сме имало обврска, налог, било каква активност во однос на движењето на Сашо Мијалков. Од моментот кога се добива сознание дека е можно да се врши бегство, ние ги применуваме нашите полициски овластуивања, што значи вие можете да преземете прикриено полициско набљудување од јавни површини. Секако дека ова не е ефикасна метода, но таа е дозволена со закон. Ние заради преземањето на овие мерки кои беа со прикриеното полициско дејствуање и во насока на очекувањето на решението за определувањето на мерката притвор, се преземаа сите активности во тој момент, вели Спасовски.

Коронавирус