петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски ја прими втората доза на „Синофарм“ во Куманово

Спасовски ја прими втората доза на „Синофарм“ во Куманово

На вакциналниот пункт во Куманово утрово ја примив втората доза од вакцината на “Синофарм”, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Тој ги повика граѓаните да се вакцинираат, посочувајќи дека сите вакцини се безбедни и се единствениот начин да ставиме крај на пандемијата со Ковид-19.

– Ве повикувам да го сторите истото, сите вакцини се безбедни и се единствениот начин да ставиме крај на пандемијата со Ковид-19. Граѓаните кои досега не се регистрирале, тоа може да го сторат на www.vakcinacija.mk, истакна Спасовски.

Коронавирус