среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Спасовски говорејќи за непочитување на Договорот од Преспа и самиот го прекрши- наместо новото име на државата го употреби старото (ВИДЕО)

Спасовски говорејќи за непочитување на Договорот од Преспа и самиот го прекрши- наместо новото име на државата го употреби старото (ВИДЕО)

Техничкиот министер Оливер Спасовски за време на своето излагање во Собранието вечерва наместо новото име на државата го употреби старото Република Македонија и на тој начин го прекрши Договорот од Преспа.

По ова координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ , Никола Мицевски побара да се додаде уште една точка на гласање на 136. седница на Собранието на Република Македонија, разрешување на Оливер Спасовски.

Тој најпрвин побара на пратениците да им се доделат стенограми од седницата бидејќи како што вели ќе бидат потребни за натамошната дискусија.

Спасовски за време на својот говор, зборуваше зошто треба да се разреши министерката Рашела Мизрахи бидејќи наводно не го почитувала Договорот од Преспа.

Но Спасовски за време на своето излагање во Собранието наместо новот име на државата го употреби старото Република Македонија и на тој начин го прекрши Договорот од Преспа.