петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Спасовски го прекршува договорот потпишан пред почетокот на обуката: Кадетите се закануваат со тужби доколку не бидат вработени

Спасовски го прекршува договорот потпишан пред почетокот на обуката: Кадетите се закануваат со тужби доколку не бидат вработени

Незадоволни од тоа што не се уште немаат добиено договори за работа, кадетите од генерацијата 2017/18 денеска повторно излегоа на протест пред Министерството за внатрешни работи да го изразат својот револт. Тие порачаа дека министерот Оливер Спасовски го прекршува договорот склучен на почетокот на обуката и најавуваат тужба.

Дарко Петковски, еден од кадетите, побара одговор од министерството и зошто по нивниот прв собир биле повикани десетина нивни колеги, што прво биле презентирани како криминалци, а потоа добиле одговори.

-Бараме сериозно да се разгледа ситуацијата со секој од нас поединечно и да не бидеме ставани во ист кош. Доколку меѓу нас има криминалци, бараме да се побара одговорност од заменик министерот Агим Нухиу, затоа што тој ги потпиша нашите договори за обука, а за сите останати МВР веднаш да образложи зошто не склучило договори, изјави Петковски.

Тие кажаа дека министерот е должен  да донесе решение за склучување на договори.

По објавувањето на ранг листата министерот е должен да донесе решение за склучување на договори за вработување според постигнатите резултати на самата ранг листа, изјави Петковски.

Доколку не се реши нивниот проблем тие најавија тужби до министерството поради непочитување на договорот при стартот на обуката, како и тужба за клевета бидејќи биле презентирани како криминалци.

Коронавирус