понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 126
home Вести

Спасовски да се извини и да го суспендира од работа насилникот полицаец или ќе се обвистини дека Спасовски стои зад заканите кон портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Спасовски да се извини и да го суспендира од работа насилникот полицаец или ќе се обвистини дека Спасовски стои зад заканите кон портпаролот на  ВМРО-ДПМНЕ

Оливер Спасовски веднаш да се извини и да го суспендира полицаецот кој преку социјалните мрежи му се заканува на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, во спротивно ќе се обвистини дека тој лично стои зад заканите, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Спасовски веднаш да покрене постапка за прекин на работен однос за инспекторот Шкрета, кој на социјалната мрежа фејсбук му се заканува на портпаролот на партијата Димче Арсовски. Лица кои се закануваат и шират говор на омраза, не смеат да бидат лицето на МВР. Како граѓаните кои не се истомисленици на Спасовски да се чувствуваат безбедни, кога инспектори, кои се задолжени да ги штитат, ги напаѓаат, доколку демократски искажале став? Ваквите закани и навреди на социјалните мрежи од лица блиски до врвот на власта се директно поттикнати од Спасовски, кој со неказнување го одобрува нивното однесување. Токму затоа мора веднаш да го суспендира заканувачот и да се извини, цо спротивно јавноста нема да има сомнеж дека тој лично не стои зад заканите, истакнуваат од опозицијата.

Заканите и навредите не ви поминуваат. Одговорност веднаш! Додаваат од таму.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија