понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 66
home Вести

Дежа ви: Заев води кај „Рејтинг“ на Спасов кој е неприкосновен рекордер во утки на анкети во Македонија

Утна за Пендаровски VS Иванов во 2014-та со срамни минус 140.000 гласа, прогнозираше победа на За-евци на Референдумот, а со една анкета за Центар и ГТЦ најави победа на опцијата на СДСМ, а граѓаните го срамнија со податокот што не ни излегоа за да го исполант цензусот. Сега, истиот тој Спасов и Рејтинг тврдат преку анкета дека Заев стоел подобро од Мицковски?! Уште по толку силни промашувања и утки да имаше некој да и’ поверува на анкетата...
Дежа ви: Заев води кај „Рејтинг“ на Спасов кој е неприкосновен рекордер во утки на анкети во Македонија

Сопственикот на агенцијата „Рејтинг“ Ѓорѓи Спасов денеска излезе со ново истражување во кое наведува дека според поголемиот број од граѓаните лидерот на СДСМ Зоран Заев би бил подобар иден премиер од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На прашањето кој би бил подобар иден премиер  на државата 32 проценти од испитаниците му дале поддршка на Заев, додека за Мицкоски се изјасниле 27 отсто од анкетираните граѓани. Според истражувањето, 20 проценти сметаат дека ниту еден од нив не треба да биде иден премиер, додека 17 отсто одговориле дека не можат да оценат.

Преку сет прашања „Рејтинг“ ја мерела и перцепцијата на граѓаните за тоа дали влада предводена од Зоран Заев или влада предводена од Христијан Мицкоски подобро би се справила со одредени прашања  и предизвици со кои се соочуваме како држава.

Повисок процент, односно 42 проценти сметаат дека влада предводена од Заев побрзо може да обезбеди членство на државата во ЕУ и НАТО, додека 22 проценти сметаат дека тоа би било влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За четири проценти повеќе граѓани сметаат дека СДСМ може да обезбеди подобар економски стандард од ВМРО-ДПМНЕ, и исто толкав процент повеќе сметаат дека СДСМ може да обезбеди поголема независност на судството.

Доколку се земе праксата од минатото ќе се сфати дека Спасов е човекот кој утнал досега најголем број на анкети.

Доказ за тоа е и обвинувањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека тој изработува лажни анкети во корист на СДСМ, а партијата со тоа покажува ништо друго освен очај.

„Се додека СДСМ веруваат на анкетите на Ѓорѓи Спасов и неговиот син Никола Спасов од агенцијата Рејтинг, нема да постигнат никакви резултати. Овие анкети служат за мотивирање на членовите на СДСМ, а за нив Спасов зема дебели пари, вака во минатото реагираа од ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на резултатите од анкетата на јавното мислење на агенцијата Рејтинг.

Спасов е познат и дека редовно добива илјадници пари за да го мери задоволството на граѓаните од политиките кои ги водат политичарите, т.е власта и политичката партија СДСМ.

Инаку анкетата е спроведена на примерок 1.080 испитаници, во период од 18 до 29 јануари, преку методот интервју лице в лице.

Така беше и во 2014-та година кога на анкетата на агенцијата „Рејтинг“ кандидатот Стево Пендаровски беше во водство пред Ѓорѓе Иванов.

За потестување на изборите победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов со 140 илјади гласа разлика.

Коронавирус