недела, 19. септември 2021. Вести денес: 1
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Вести

Спасевска: Царовска ветува 10.000 таблети, а имаме 220.000 ученици вкупно основно и средно образование, реформите се дискриминирачки

Спасевска: Царовска ветува 10.000 таблети, а  имаме 220.000 ученици вкупно основно и средно образование, реформите се дискриминирачки

Концепцијата е нешто што и дава право на Царовска да ги тера реформите кои што во никој случај не се нешто добро. Воопшто не се нешто добро. Имено, концепцијата се води на три принципи. Кои се тие три принципи? Значи таа се води на инклузивност, на родова сензитивност и на интеркултурност. Е, сега ако некој ги слушне овие зборови ќе рече дека тука нема ништо лошо. Но, меѓутоа имаме ние термини кои што не се познати за нас, за јавноста. Што е тоа родова сензитивност? Ние во Устав се делиме на пол, ние не се делиме на род. Ние не сакаме што во оваа концепција министерката го најавува, ние не сакаме тоа да влезе на клупите. Односно помеѓу нашите деца,истакна Драгана Спасевска координатор на иницијативата „Настава и учебници мора да има“ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Спасевска додаде дека министерката упорно вели дека реформите мора да се спроведат во образованието.

– Ние не порекнуваме дека не треба да има реформи во образованието, но ние не сакаме вакви реформи какви што сега ги предлага министерката. Овие реформи што ги предлага министерката се донесени за кратко време, и во нив ништо не е јасно. Буквално ништо не е јасно. Ние бараме инклузија каде што немаме услови за неа. Ние бараме дигитализација каде што немаме услови за неа. Најавува дека ќе набави 10.000 таблети, а ние имаме речиси 220.000 ученици вкупно основно и средно образование, појасни Спасевска.

Спасевска посочи дека нема услови за оваа предвидена концепција која што ја најавува Царовска.

– Ако самото министерство ги најавува овие реформи требаше прво финансиски да е спремно за ова. Не треба министерството да бара донации од бизнисмени и институции. Требаше министерството кога веќе најавува една програма да биде пред се финансиски спремно за да се реализира. Јас не верувам дека денес 09.07 до 01.09 ќе има првенствено лифтови во сите училишта. Јас не верувам дека ќе има рампи во сите училишта. Односно цела јавност не верува. Ние не веруваме дека ќе има инклузивни соби бидејќи во самата концепција се најавува дека треба да има простории за индивидуална работа со децата со посебна попреченост, нагласи Спасевска.

Најнови вести

Коронавирус