сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Спасеновски: ВМРО-ДПМНЕ во кампањата ќе се концентрира на внатрешно – политичките и економско – социјалните аспекти на негативните политики на СДСМ

Спасеновски: ВМРО-ДПМНЕ во кампањата ќе се концентрира на внатрешно – политичките и економско – социјалните аспекти на негативните политики на СДСМ

Во вечерашната емисија “Отворено студио” на Телевизија 24 на тема во кој правец ќе се одвива предизборната кампања Александар Спасеновски поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека СДСМ ќе се обидува да поентира со двата потпишани меѓународни договори, додека ВМРО-ДПМНЕ со слоганот “Исправи се Македонијо обновата доаѓа” ќе се осврне на реалните проблеми на народот во Република Македонија.

-Сосема логично и очекувано е власта или СДСМ како архитект на двата меѓународни договори, во текот на кампањата да се обиде тоа да го материјализира. Особено од ефектите кои следуваа од потпишувањето на Преспанскиот договор и членството во НАТО. Кампањата на СДСМ е фокусирана на овие прашања, но заборавајќи и игнорирајќи ги другите нешта кои се многу битни за животот на граѓаните. Токму затоа, заради ова незадоволство на луѓето ќе видиме дали кампањата ќе вроди со плод. Од друга страна пак, ВМРО-ДПМНЕ како што можеме да видиме се повеќе ќе се концентрира на внатрешно – политичките и економско – социјалните аспекти од досието на СДСМ односно нивните политики кои ги водеа овие години како владеачка партија во државата. И лично сметам дека тука има поголем простор за политички напад кој ќе резултира со поголема поддршка од граѓаните на денот на изборите.

Исто така, Спасеновски додаде дека една новина на овие избори е тоа што за прв пат во историјата на Македонија, има предизборна албанско – македонска коалиција.

-Предизборна коалиција помеѓу СДСМ и БЕСА. Затоа треба да се набљудува и конфликтот помеѓу СДСМ и ДУИ кој што гледаме дека е вибрантен и постои во овој предизборен период, рече Спасеновски.

Коронавирус