недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Спасеновски: ВМРО-ДПМНЕ има два темели на кадровска политика, свежина и обединување

Спасеновски: ВМРО-ДПМНЕ има два темели на кадровска политика, свежина и обединување

Александар Спасеновски, поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој што гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија рече дека како заклучок од следењето на политичките потези на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ од аспект на кадровската политика може да се заклучи дека партијата има два темели. Првиот темел тој фигуративно го нарече „обединување“, а вториот темел „свежина“ .

-Ако ги анализираме изјавите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во временски период од една година, можеме да забележиме серија на изјави од негова страна, но и од неговите најблиски соработници, кои упатуваат на тоа дека исклучително важен столб во позиционирањето и во функционирањето на партијата е обединувањето, изјави Спасеновски.

Од говорите и обраќањата на Мицкоски, Спасеновски рече дека може да се заклучи дека партијата ВМРО-ДПМНЕ има широк пристап да се интегрираат сите луѓе кои на еден или на друг начин биле дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ. Според Спасеновски, тоа е прагматичен и отворен пристап, којшто овозможува да се постигнат максимални резултати.

-Треба да ја земеме во предвид општата ситуација и да ја градиме нашата позиција и да го земеме во предвид фактот дека станува збор за еден вид на испровоцирани парламентарни избори. Одлуката за нивното одржување беше донесена како резултат на неуспехот на Република Македонија да ги започне преговорите за членство во Европската Унија, рече Спасеновски.