четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 45
home Вести

Спасеновски: Нема уставна основа за враќање на собранието во функција

Спасеновски: Нема уставна основа за враќање на собранието во функција

Универзитетскиот професор Александар Спасеновски смета дека нема уставна основа за враќање на собранието во функција. Тој вели дека земјава се наоѓа во институционален и политички ќорсокак предизвикан од недостаток на консензус меѓу партиите.

Се поставува прашањето каде е излезот, тој според мене несомнено треба да биде целосно правно издржан и траба да почива на два темели, прво политички во возобновување на консензусот во одлучувањетово оваа држава затоа што сметам дека најважна улога во овој момент има претседателот на државата, кој што како гранка на извршната власт е единствената институција која што има неспорен легитимитет и второ во Уставниот суд кој така како што постапи со распуштањето на собранието во 2016 година треба да постапи и овој пат, вели Спасеновски.

Голем број на експерти по правни науки ја критикуваат иницијативата поднесена од владејачката партоја СДСМ за повторно свикување на Собранието, посочувајќи дека Уставот препознава продолжување на мандатот на пратениците во вонредна или воена состојба, но само во случај кога собранието претходно не е распуштено, туку е во функција, што не е случај во моментот.

Коронавирус