среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 152
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Спасеновски: 260 години по 1762, Охридската архиепископија повторно во канонскиот поредок на Црквата предводен од Вселенската патријаршија

Спасеновски: 260 години по 1762, Охридската архиепископија повторно во канонскиот поредок на Црквата предводен од Вселенската патријаршија

Пишува Александар Спасеновски, пренесува РЕЛИГИЈА:

Прашањето на автокефалноста на МПЦ-ОА е последното нерешено важно национално и државно прашање чие успешно надминување неповратно ја зацврстува и ја унапредува стабилноста на нашата држава. Одлуката на Вселенската партијаршија да ја прими наследничката на славната Охридска архиепископија во канонско единство е повеќе од историска бидејќи после толку децении конечно се признава каноничноста на нашата црква и се остваруваат вековните стремежи на православните христијани за своја признаена црква.

Со одлуката, Вселенската патријаршија уште еднаш ја покажа својата големина и историска одговорност, а личноста на патријархот Вартоломеј, пак, како и неговото наследство управувајќи ја Црквата овие децении, претставува голем благослов бидејќи оваа генерација православни христијани конечно почнаа да го сведочат чинот на вклучувањето на наследничката на славната Охридската архиепископија во заедницата со останатите православни цркви чија глава е Вселенската патријаршија.

За многу години!

Коронавирус