среда, 4. август 2021. Вести денес: 55
home Вести

Советот за регионална соработка ќе го презентира Балканскиот барометар 2021

Советот за регионална соработка ќе го презентира Балканскиот барометар 2021

Советот за регионална соработка денеска во Тирана ќе го претстави Балканскиот барометар 2021.

Тоа е седмо издание на годишно испитување на мислењето на јавноста и стопанските субјекти кое го нарачува РСС и кое се занимава со гледањата и очекувањата на граѓаните и стопанствениците од Западен Балкан за различни теми, како што се интеграцијата во ЕУ и регионалната соаботка, дигитализација, зелено закрепнување и вработеност, а втора одина по ред опфаќа и теми кои се однесуваат на предизвиканата состојба во регионот од Ковид-19.

Граѓаните од Западен Балкан поддржуваат регионална соработа и 77 отсто од нив се согласуваат дека таа може да придонесе кон подобра политичка, економска и безбедносна состојба во нивната екоомија, додека 62 отсто сметаат дека членството во ЕУ е добра работа за нивната економија. Четириесет и девет отсто и понатаму мислат дека невработеноста е најголем проблем со кој се соочуваат нивните економии, што е повеќе од минатогошните 45 отсто. Младите луѓе, исто така се согласуваат со тоа и 63 отсто од нив сметаат дека несоодветните можности за вработување се најголем прроблем.

Кога станува збор за стопанските субјекти 72 отсто ја гледаат ЕУ како најпосакуван блок за трговија, а 48 отсто се произнеле дека новиот договор за намалување на цената на роамингот им заштедил пари.

Коронавирус