сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Советникот за односи со јавност на Заев и Спасовски оди во домашна изолација, Забрчанец имал контакт со Зекири

Советникот за односи со јавност на Заев и Спасовски оди во домашна изолација, Забрчанец имал контакт со Зекири

Советникот за односи со јавност на претседателот на Владата, Марјан Забрчанец е во домашна изолација поради тоа што имал контакт со потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој вчера обелодени дека има коронавирус.

Забрчанец информираше дека е во домашна самоизолација поради тоа што во четвртокот попладне бил на состанок со Зекири.

На состанокот, како што пишува, биле применети препораките за физичко растојание, носење заштитна маска и употреба на дезинфекционо средство пред и по состанокот.

-Секако, заради избегнување и најмал ризик, ќе ја спроведам препорачаната самоизолација. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата. На Мухамед и семејството им посакувам брзо оздравување. Сите да ги почитуваме доследно мерките и препораките на епидемилозите и на тој начин да се заштитиме самите себе и сите околу нас, напиша Забрчанец на Фејсбук. (МИА)

Парламентарни избори 2020