петок, 19. април 2019. Вести денес: 16
home Вести

Советникот на Заев, Забрчанец им забрани на фоторепортерите да си ја вршат работата

Советникот на Заев, Забрчанец им забрани на фоторепортерите да си ја вршат работата
ФОКУС

Владината служба за информации попладнево не им дозволи на фоторепортерите, да ги сликаат претседателите на политичките партии како пристигнуваат на лидерската средба во Клубот на пратеници, јавуваат „Фокус“ и „Сакам да кажам“.

На фоторепортерите од страна на владиниот протокол им е кажано дека тоа е поради „безбедносни причини“, по што фоторепортерите во знак на протест ги ставија фотоапратите на земја.

Откако дел од нив се побунија, советникот на премиерот, Марјан Забрчанец им искоменира: „11 година ве газеа и ќутевте, сега најдовте да зборите“.