среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Советникот на Заев демонстрира моќ во Кривичен суд, отказ за вработената во судска полиција која тој вербално ја нападна

Советникот на Заев демонстрира моќ во Кривичен суд, отказ за вработената во судска полиција која тој вербално ја нападна

Вработена во судска полиција во Кривичниот суд во Скопје по вербалниот напад доживеан од советникот на Зоран Заев и вработен во судот како шеф на одделението за човечки ресурси Горан Стаменковски доби отказ.

Голготата на Виолета Тодорова започнува кон средината на април минатата година, кога Стаменковски вербално ја нападнал, бидејќи не му отворила врата. За овој случај известуваа и медиумите. Во дел од нив тогаш беше објавена и белешката која таа ја доставила, а во врска со нападот кој бил извршен врз неа. Тодорова вели дека од посоченото лице, била и навредувана, а добила и заканувачка порака „ќе видиш што ќе ти направам, заборави веќе на работното место“.

Неколку месеци подоцна, заканата станува реалност за Тодорова и таа го подигнува отказното решение.

Во телефонски разговор за Курир, Тодорова објаснува што се случувало во месеците од поднесувањето на белешката до добивањето на отказот.

-На 2.7.2019 година против мене беше поднесена дисциплинска постапка бидејќи наводно не сум била на работното место, а на 23.8.2019 година (ПЕТОК) го добивам решението за престанок на работниот однос поради непрофесионално однесување. На ова решение, веќе во понеделникот (26.8.2019) поднесувам жалба до Советот за судска служба кој истата ја усвојува. Решението на отказ Советот го укинува и предметот во враќа на повторно постапување, објаснува накусо Тодорова.

Тодорова вели дека по донесувањето на ова решение, Стаменковски се обидува на разни начини да изврши притисок таа да добие отказ. Посочува дека од неа било барано да потпишува изјави за одење на пауза, што претходно не било случај. Додава и дека кога побарала одговор зошто се потребни такви изјави и од каде е промената, добила одговор дека тоа го правеле сите.

По голготата која во меѓувреме ја поминува, на 5.12 годинава го подигнува второто решение за отказ. И покрај решението на Советот кој ја укинува одлуката за првиот отказ, таа добива ново решение со иста одлука на кое поднесува жалба до второстепена комисија. На 14 декември е одјавена од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Тодорова нагласува дека ќе ја продолжи правната битка за да ја исправи неправдата која и е нанесена.

Во меѓувреме се уште го чека одговорот на судската белешка која ја има поднесено на 11 април минатата година за вербалниот напад извршен врз неа од Стаменковски. Лице кое, според пишувањата на дел од медиуми, и претходно бил пријавуван за нaпaд врз службеници во Кривичниот суд.

Коронавирус