понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Советникот на Димковски: Нема да има плата за вработените во Македонски шуми

Советникот на Димковски: Нема да има плата за вработените во Македонски шуми

Советникот на министерот за земјоделство шумартство и водостопанство Трајан Димковски од СДСМ, Томе Мојсовски им се заканува на над 3000 вработени во Јавното претпријатие Македонски шуми дека нема да земат плата.

Имено, откако дополнителниот министер од ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски пред само два дена објави дека над 3000 вработени во оваа институција немаат земено плата веќе два месеца укажувајќи дека се удира директно врз животната егзистенција над вработените и нивните семејства во овој кризен период, Мојсовски не почека да заврши вонредната состојба и од позиција на власт на неговиот официјален фејсбук профил упати низа навреди кон вработените окарактеризувајќи ги сите вработени како неработници и јавно им се закани дека нема да земаат плата бидејќи како што напиша мора прво да научат што е шума и да си ја одработат.

Ова не е прв вакво случај каде што Мојсовски се заканува, имено пред само неколку месеци беше објавен телефонски разговор со едно лице од Охрид, каде што Мојсовски му порача дека доколку не се откаже од концесијата ќе сноси последици тој лично а и неговото семејство.

До сега нема информација дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски побарал одговорност за ваквото однесување од страна на неговиот советник Томе Мојсовски.

Коронавирус