четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 125
home Вести

Советникот Цветковски потврдува дека има коронавирус, но демантира дека за време на седницата имал симптоми

Советникот Цветковски потврдува дека има коронавирус, но демантира дека за време на седницата имал симптоми

Советникот на СДСМ во општина Ѓорче Петров, Влатко Цветковски, испрати демант на текстот “Советник на СДСМ во Ѓорче Петров имал симптоми на корона присуствувал на седница за да помине новото задолжување на општината”.

Тој потврдува дека е позитивен на коронавирус, но негира дека имал симптоми за време на седницата на која присуствувал:

„Целосно дематирам  дека сум имал симптоми и свесно сум ги донел другите советници, вработените во општинската администрација, граѓаните и медиумите кои го пренесуваа настанот во опасност. Станува збор за апсолутна невистина.

Точно е дека сум ПОЗИТИВЕН на вирусот Ковид 19. И покрај тоа се  чувствувам добро и немам никакви симптоми.

Тестирањето го направив приватно во Институт за Јавно Здравје во средата наутро  на 14.10.2020 а резултатите ги добив усно истиот ден вечерта во 21,30часот. Единствена  причина за тестирање беа консултација со матичен доктор во вторникот попладне бидејки дознав дека сум имал контакт на отворено со позитивен а имам историја на хроничен бронхит. За да не дојде до несакано влошување на моето здравје, но и поради загрозување на здравјето на моите најблиски и околината, самоиницативно се  тестирав и тестирањето го извршив приватно“, вели тој во демантот.

Коронавирус