среда, 17. јули 2019. Вести денес: 116
home Вести

Советник на Спасовски инвестира во бензиска и користи полициски флешери на приватно возило (ФОТО)

Советник на Спасовски инвестира во бензиска и користи полициски флешери на приватно возило (ФОТО)

На приватното возило на Никица Петрушевски, советник за комуникации со јавноста во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, е поставен флешер, а јавноста бара одговори дали е дозволено поставување на флешери на приватни возила или станува збор за злоупотреба на службената положба?

Никица е син на Добрин Петрушевски, близок соработник на Оливер Спасовски, а се јавува и како инвеститор на фамозната бензиска пумпа во населбата „Перо Чичо“, појаснува страницата на Кумановска република.

„Се поставува прашањето, од каде толку пари на овој млад човек да биде инвеститор на бензиска пумпа или пак позади оваа инвестиција стои уште некој од присутните на третата слика, направена при поставување на камен темелник на споменатата бензинска пумпа?“, се поставува прашање во споменатиот пост на Фејсбук.