среда, 21. април 2021. Вести денес: 107
home Вести

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром ја напуштија седницата во знак на поддршка на притворените пратеници

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром ја напуштија седницата во знак на поддршка на притворените пратеници

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во општина Аеродром ја напуштија седницата во знак на поддршка на притворените пратеници кои беа обвинети за тероризам по немилите настани од 27 април годинава.

-Во име на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, по првата точка која се однесува за буџетот кој што е во интерес на сите жители на општината Аеродром ќе ја напуштиме седницата во знак на солидарност кон неправедно приведените пратеници од 27 април кои се обвинети за тероризам, ова на кратко го истакнаа членовите од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку претходно веќе во неколку општини советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ ги напуштина седниците во знак на поддршка за притворените пратеници од немилите настани на 27 април годинава.

Коронавирус