недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба во одбрана на граѓаните кои протестираа

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ од Гази Баба во одбрана на граѓаните кои протестираа

Советниците од општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараат одговори за самоволието на градоначалникот Георгиевски, изјави советникот Живко Белчев.

-Како што вели народот „водата ја прели чашата“. ВМРО ДПМНЕ повеќе од една година укажува на самоволието во функционирањето на Општина Гази Баба, самоволие кое како начин на управување го практикува градоначалникот Борис Георгиевски. Последен пример за тоа дека градоначалникот Борис Георгиевски не го допираат потребите и интересите на граѓаните е примерот со давањето одобрение за отварање на Центар за зависници од дрога на територија на Општина Гази Баба, истакна Белчев и додаде:

„Оттука јавно го прашуваме градоначалникот Георгиевски: Дали секој пат партиските интереси ќе бидат пред интересите на жителите на Гази Баба? Дали се што им смета на жителите од другите општини, Борче Георгиевски безусловно ќе го прифати и донесе во Гази Баба ? Граганите одамна се изневерени од неговите ветувања, бидејки досега ништо и нема реализирано, но барем заслужуваат да живеат во мир и спокој.
Ние немаме ништо против оваа категорија на граѓани и нивните права но инсистираме институциите да најдат соодветно решение за секој проблем. Како советничка група уште на наредната седница на Советот која ќе се оддржи оваа недела, ќе иницираме оваа тема да биде на дневен ред. ВМРО ДПМНЕ и советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата со сите средства ќе се борат за правата на граѓаните и доследно ќе ги застапуваат нивните интереси“.

Инаку, поголема група граѓани во саботата на пладне со собра на протест пред фабриката „Металски завод – Тито“ каде што се планира да се префрли Центарот за зависници од Кисела Вода во Гази Баба.

Тие не се согласуваат Центарот да биде префрлен во мензата на фабриката МЗТ како што одлучија здравствените власти. Префрлувањето треба да се случи до крајот на годината.

-Како граѓани на општина Гази Баба сме зaгpижени од најавите на министерот за здpaвство дека Центарот за зaвиcници од општина Кисела Вода ќе биде премистен на територијата на општина Гази Баба, односно во просториите на фабриката Металски завод Тито. Дополнително зaгpижyвaње кај нас дава и фактот што министерот Филипче во изјава за новинарите кажа дека нашиот градоначалник Бориц Георгиевски вети итно одобpeние овој Центар да биде отворен на територијата на општина Гази Баба, вели претставникот на граѓаните и организатор на протестите.

-Срамота е ова што го прават, бараме итно градоначалникот Борче Георгиевски да ја повлече оваа одлука и да помисли на нас и нашите деца, рече еден од револтираните жители на Маџари на протестот против дислокација на центарот за зависници од Кисела Вода во просториите на фабриката МЗТ.

Учесниците на протестот побараа оставка од градоначалникот.

-Ние не сме против изградба на ваков центар, но тоа треба да го направат на изолирано место, на некоја ливада, а не тука, среде населено место каде што има градинки и училишта. Овде ќе биде хаос. Се плашиме за нашиот и за животот на нашите деца. Никој не не прашал пред да ја донесе одлука, револтирани сме и на градоачалникот и на премиерот Заев. Ова е предупредувачки протест, но нема да се откажеме. Порачуваме градоначалникот да даде оставка и да дојде некој кој што е способен да работи во интерес на граѓаните, рече жителка на Маџари.

Главниот проблем поради кој се јави потреба за дислокација на Центарот за зависници се ужасните услови и чувството за небезбедност меѓу граѓаните на општина Кисела Вода. Овој Центар требаше само времено да биде лоциран во општината, но таму е останат веќе 20 години.

Сега, ќе биде решен проблемот со стравот кај граѓаните од Кисела Вода, на грб на граѓаните на Гази Баба.

Како што дознава КУРИР, оваа одлука ја нема донесено општината, туку градоначалникот лично. Граѓаните кои ја контактираа нашата редакција не го кријат својот револт.

Коронавирус